За нас

Стела е граѓанска организација иницирана од група ентузијастки кои сакаат да го подобрат пристапот до високо образование и економско омоќување за жени и девојки во Северна Македонија. Стела ги поврзува жените и работи на креирање мрежи на солидарност, знаење и искуство. 

Низ различните проекти и активности, организацијата цели да придонесе кон дискусија на државно ниво за општествените и структурни пречки со кои мораме колективно да се соочиме за да ги поддржиме жените и девојките во нивното идно себеостварување. 

Нашиот тим цврсто верува во важноста на поддршката и заедништвото при развивањето на нашите потенцијали.

Брзи факти за Стела

Основана во 2018 година со тријазично работење на англиски, македонски и албански јазик.
16 општински дискусии низ Северна Македонија.
Тим од 10 лица со седиште во Скопје, Амстердам, Лондон и Будимпешта.
10 партнерства за соработка – локални, национални и глобални
100 ментори во Мрежата за менторски услуги за жени
5 проекти за унапредување на родовата еднаквост во урбаните и руралните средини
79 менторирани

Што правиме

Економското и општествено омоќување на жените и девојчињата останува важен предизвик низ целиот свет. И Северна Македонија, исто така, се соочува со предизвици во постигнувањето на родова еднаквост. 

Пристапот до високо образование и квалитетни работни места е особено голем предизвик за девојките и жените во земјата, кој е уште понагласен помеѓу жените и девојките во руралните средини и/или оние кои припаѓаат на малцинските заедници.

 Стела организира различни активности со цел соочување со овие предизвици на различни нивоа. 

На пример, обезбедувајќи една-на-една насоки и совети преку Женската менторска мрежа, жените менторирани преку Стела се поддржани преку индивидуално менторство во остварувањето на понатамошни студии и/или работни места што најдобро одговараат на нивните интереси. 

Од друга страна, преку дискусиите во градските собранија, Стела носи разновидни говорнички во општините за да дискутираат за системските бариери за образовно и економско омоќување на жените и девојките. Овие дискусии ги приближуваат членовите на заедницата, како жени, така и мажи, во конструктивна дебата и придонесуваат кон градење трајни решенија.

Придружете ни се

Мрежата за менторство е онлајн платформа што ги поврзува девојките и жените со искусни ментори кои нудат лично менторство во различни области на студии и работа.

Во Северна Македонија

Невработени жени
25.1%
Жени со високо образование
55.9%
Жени кои не се активни на пазарот на трудот
55%
Жени на водечки политички позиции
28.8%

Нашата мисија и приказна

Стела е непрофитна организација чија мисија е да инспирира, омоќнува и поврзува девојки и жени преку Унапредување на пристапот до образование, можности за претприемништво и социјални промени.

Нашата мисија започна како иницијатива во 2017 година под покровителство на Импакт – Институт за истражување во Скопје. Во тоа време, нашиот постојан тим беше група од пет ентузијастки кои работеа во академија, влада и на теренската работа во бегалските кампови. Ние се обединивме за да се спротиставивме на фактот дека додека мнозинството жени успешно го завршуваат високото образование, тие не бараат активно работа и остануваат претежно економски неактивни. 

Почнавме разговори низ целата земја и создадовме безбеден простор кој им недостасуваше на жените за да споделат со што се соочуваат во секојдневнот и професионалниот живот. Ја воспоставивме и првата менторка мрежа предводена од жени за жени, во Северна Македонија, која првенствено се фокусираше на високото образование.

Со малку ресурси, но со огромна страст за позитивни промени, сфативме дека нашата иницијатива прерасна во нешто поголемо и потребно е да се воспостави своја структура. Во август 2018 година, ја регистриравме Стела како непрофитна организација во Северна Македонија.

Запознајте го тимот

Нашата разноликост е нашата сила. Ние сме жени и мажи, професионалки и професионалци во науката, граѓанското опшество, владиниот сектор и меѓународните организации на возраст од 24-35 години со различни позадини. Иако живееме во различни делови на светот, ние ги негуваме нашите локални корени во Северна Македонија. Цврсто веруваме во солидарност. Ние работиме преку истражувања и проекти базирани на податоци. Ние сакаме да придонесеме кон родовата еднаквост и управување со животната средина. Проект по проект, се стремиле за структурни промени.

Марта Стевковска

Специјалистка за комуникации и проектна координаторка

Наташа Димова

Претседателка на Мрежа Стела

Теодора Милеска

Програмска координаторка

Теано Кардула

Графичка дизајнерка

Елена Б. Ставревска

Коосновач на Мрежа Стела

Ерлин Агич

Коосновачка на Мрежа Стела

Виџиленца Абази

Коосновачка на Мрежа Стела

Вљора Речица

Коосновачка на Мрежа Стела

Љура Положани

Коосновачка на Мрежа Стела

Сара Миленковска 

Коосновачка на Мрежа Стела