Промоција на Прирачник за справување со родови дезинформации и дигитално родово-базирано насилство во Нетавил

Голема благодарност до сите што беа дел од промоцијата на нашиот нов Прирачник за справување со родови дезинформации и дигитално родово-базирано насилство! 

На 14 мај, отворивме важна дискусија за предизвиците кои се сè почесто присутни во дигиталниот простор – родови дезинформации, лажни вести, дигитално родово базирано насилство, мажосфера и инцел идеологија. 

Прирачникот претставува практична и теоретска алатка која нуди:

Совети за препознавање на онлајн опасности и дезинформации

Чекори за заштита, поддршка и препознавање на насилството

Јасни процедури за пријавување на дигитално родово базирано насилство

Ви благодариме што придонесовте за отворената дискусија и заедничката борба за родова еднаквост и човекови права.

Прирачникот е достапен на македонски и албански јазик – погледнете го на линковите во коментари.

Промоцијата се одржа во рамки на регионалниот проект “Defend the right to be yourself”, со поддршка од Министерството за надворешни работи на Франција 

Фотографија: Жарко Чулиќ

Стела е граѓанска организација иницирана од група ентузијастки кои сакаат да го подобрат пристапот до високо образование и економско омоќување за жени и девојки во Северна Македонија.