Колаж клубот на Мрежа Стела и кафе книжарницата Илика покажа дека и на креативен начин може да се да се делува против дигиталното родово базирано насилство.
Свеста се крева и преку уметност и имагинација, а учесниците на колаж клубот пренесоа важни пораки за справување со родовите дезинформации и онлајн насилството.
Преку шпил карти и креативни идеи заедно делувавме против родовите стереотипи, лажните вести и сите форми на насилство во интернет просторот.
До следниот колаж клуб ви посакуваме да бидете уште покреативни, полни со имагинација и погласни за да продолжиме да создаваме безбедни простори.




