Ана Наумоска

Образование и академија

Ана Наумоска е дипломиран политиколог и магистер по меѓународно право и право на Европската Унија, со долгогодишно искуство во младинскиот сектор, образованието и истражувањето на теми поврзани со демократија, човекови права и општествен развој. Активно е вклучена во повеќе улоги – како проектен менаџер во ЗРА „Аква“, локален координатор на Младински образовен форум во Струга, универзитетски демонстратор по правни предмети, и обучувач во Street Law клубовите за средношколци. Автор е на бројни научни и публицистички текстови, меѓу кои и анализи за социјална правда, родова еднаквост, меѓународно право и младинско учество. Позната е по својата посветеност на создавање инклузивни заедници и поттикнување на младинскиот активизам преку образование, истражување и застапување.

Стела е граѓанска организација иницирана од група ентузијастки кои сакаат да го подобрат пристапот до високо образование и економско омоќување за жени и девојки во Северна Македонија.