Анета Ристеска е филолог со повеќе од 15 години новинарско и уредничко искуство во печатени и дигитални медиуми, со акцент на истражувања и анализи од областа на културните и социјалните политики.
Како една од коосновачките и заменик главен уредник на Платформата за одржлив развој, „Лице в лице“, повеќе од една деценија остава траги во развивањето иновативни методи на комуникација, со цел – градење јавна свест и заедници кои генерираат позитивни општествени промени. Посебно преку водечката улога во креирањето на концептот на изданијата, како и во создавањето заедница од автори и експерти посветени на инклузивно и одржливо општество.
Покрај уредничката работа, активна е и како едукаторка и менторка на млади новинар(к)и, како и во осмислувањето нови пристапи за зајакнување на граѓанското учество со тенденција – поттикнување лична и колективна одговорност.
Во моментов, нејзиниот примарен ангажман е во образованието, каде своето знаење и искуство го насочува кон охрабрување на младите да размислуваат критички, креативно и општествено одговорно.