Билјана Атанасовска

Инспекторка за РТГ апарати и претседател на организацијата Епл Три Скопје

Билјана Атанасовска e инспекторка за РТГ апарати со повеќегодишно искуство во обезбедување безбедност и квалитет во радиолошките услуги. Покрај тоа, e претседателка на организацијата Епл Три Скопје, каде што работи на промоција на женското претприемништво, образование и професионален развој. Нејзиниот фокус како менторка е да ги поддржи жените во градењето на нивните професионални вештини и лидерски капацитети, со цел зајакнување и унапредување на женската улога во општеството.

Стела е граѓанска организација иницирана од група ентузијастки кои сакаат да го подобрат пристапот до високо образование и економско омоќување за жени и девојки во Северна Македонија.