Ера Ѓакова

Новинарка и водителка на информативни емисии во ТВ Alsat; Дипломирана правничка, магистер по Кривично право на Универзитетот на Југоисточна Европа

Правничка и Магистер по Кривично право, со посебен фокус на сексуални злосторства и заштита на жртвите. Моментално ги следи докторските студии во оваа област, со цел да придонесе за унапредување на законодавството и заштитата на жртвите на сексуално насилство во Северна Македонија. Има искуство како асистентка на Правниот факултет и авторка е на неколку научни трудови. Покрај академските ангажмани, веќе 4 години работи како новинарка и водителка на ТВ Alsat.

Стела е граѓанска организација иницирана од група ентузијастки кои сакаат да го подобрат пристапот до високо образование и економско омоќување за жени и девојки во Северна Македонија.