Лилјана Пецова Илиеска е експертка за приватност, заштита на лични податоци, сајбер-безбедност и дигитални права со 20+ години искуство во институции, граѓанскиот сектор и меѓународни организации. Работела во Министерството за внатрешни работи и во Агенцијата за заштита на лични податоци, била директорка на Советот за етика во медиумите, а како консултантка соработувала со UNOPS, DCAF, Thomson Fondation, USAID, IFES, CIPE, DevTech, DAI GLOBAL и Мисијата на ОБСЕ. Чивнинг за сајбер-безбедност и GCMC алумни, учесничка на форуми како GLOBSEC и IGF, SEEDIG, ITU, итн.