Лилјана Јоноски 

Извршна директорка на Рурална Коалиција и Надворешна соработничка на Правен Факултет – Кичево; Докторантка на програмата Меѓународно право и меѓународна политика на Правниот факултет - Кичево. Магистерски студии по Бизнис право на Правниот Факултет “Јустинијан Први“, додипломски студии во делот на јавна администрација на Факултетот за јавна администрација и менаџмент при Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола

Веќе 18 години активна во граѓанскиот сектор, а од 2019 година и во улога на извршна директорка на Рурална Коалиција, организација која што делува во секторот локален социо-економски развој опфаќајќи ги при тоа и тематските области: развој на капацитетите на локалниот граѓански сектор, земјоделство, рурален развој, климатски промени, родова еднаквост, транспарентност и отчетност, локален младински активизам, мониторинг и евалуација. Консултантка, истражувачка, обучувачка, менторка, фасилитаторка со длабоко познавање и искуство во областите регионален и локален развој, човекови права, реформа на јавната администрација, младински активизам, родова еднаквост и родово-одговорно буџетирање, стратешко планирање и институционален/организациски развој, финансиска одржливост, проектен менаџмент, мониторинг и застапување. Авторка на бројни научни трудови и документи за јавни политики од областа на правото, политиката, локалниот економски развој, вклучување на родовите перспективи во националните и локални политики, а се јавува и како истражувачка и авторка на долгорочни стратешки документи наменети за развој на граѓанските организации и единиците на локалната самоуправа.

Стела е граѓанска организација иницирана од група ентузијастки кои сакаат да го подобрат пристапот до високо образование и економско омоќување за жени и девојки во Северна Македонија.