Марија Мидовска Петкоска

Проектна координаторка ( Доктор на економски науки од областа на менаџмент)

Марија Мидовска Петкоска е доктор на науки по економија во областа на менаџмент, со богато академско, истражувачко и проектно искуство. Таа работи на Економскиот факултет во Прилеп при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и е проектен координатор во Центарот за иновации и развој ИНОС. Нејзината експертиза опфаќа системи за мерење на перформанси, маркетинг менаџмент и одржлив развој, со повеќе од 25 објавени научни трудови, една книга и активно учество на меѓународни конференции. Има долгогодишно искуство во координирање и спроведување проекти поврзани со зелена транзиција, циркуларна економија и дигитална трансформација и младинско учество. Дополнително, таа е лиценциран вештак по економија и поседува уверение за овластен сметководител. Нејзиниот професионален фокус е насочен кон поттикнување на иновации, претприемништво и креирање политики, особено во областите на одржливост и младинско вклучување.

Стела е граѓанска организација иницирана од група ентузијастки кои сакаат да го подобрат пристапот до високо образование и економско омоќување за жени и девојки во Северна Македонија.