Сеида Бегановиќ е филозоф по образование, со професионално искуство како професорка по филозофија, новинарка и социолог. Денес е афирмирана писателка и авторка на десет книги поезија и проза, оценети како високоуметнички дела. Таа е основач и раководителка на здружението за уметност и култура „Израз“, кое се залага за инклузија на малцинските заедници преку уметност, афирмација на млади автори од регионот и развивање на неформални образовни програми посветени на мајчиниот јазик, историјата и теоријата на книжевноста, како и на хуманистичките дисциплини.