Тања Томиќ Јошеска 

Фриленсер (Дипломиран градежен инженер на Градежен факултет при УКИМ, Магистер по менаџмент на човечки ресурси на Филозофски Факултет при УКИМ)

Тања Томиќ е експертка за родови прашања со искуство во работа на родови прашања над 15 години. Таа, исто така, работела како обучувач на различни проекти, како што се Политичката академија и школата за родов активизам (организирани од Фондацијата Фридрих Еберт и Институтот Прогрес) и различни работилници на IRI, NDI и ODIHR за креирање политики. Таа, исто така, има искуство како истражувач и ментор во истражувачки проекти, работејќи на теми што се однесуваат на руралните жени. Работела и во земјата и на меѓународно ниво. Таа е основачка и претседателка на Мрежата на жени за нови политики МРЕЖА ИДЕМ, здружение на граѓани преку кое ја уредува веб-страницата www.ednakvi.mk за зголемување на видливоста на жените, како и управува со првата датабаза на жени експерти. Таа придонела во вклучувањето на родовата перспектива во различни оддели, политики, програми и закони. Таа ја подготвила Стандардната оперативна процедура за креирање родово-сензитивни политики во политичките партии и менторирала креирање политики во различни области.

Стела е граѓанска организација иницирана од група ентузијастки кои сакаат да го подобрат пристапот до високо образование и економско омоќување за жени и девојки во Северна Македонија.