Продолжуваме со дијалогот меѓу младите
По инспиративните разговори што ги отворивме во Струга и Прилеп продолжуваме да зборуваме, да слушаме и да се поврзуваме – овој пат во Велес.
Мрежа Стела повторно создава отворен и безбеден простор за младински дијалог, каде младите можат слободно да разменат идеи, искуства и размислувања за мирот, родовата еднаквост и нивната улога во локалната заедница.
На разговорот ќе ни се придружат:
Ања Бебековска, локален програмски офицер во Regional Youth Cooperation Office (RYCO)
Филип Ивковски, младински активист и експерт за Youth, Peace and Security
Елена Савеска, мировна работничка и активистка
👉 Ако веруваш во дијалог, солидарност и заедничко градење доверба, ова е твојот простор. Пријави се на линкот во био за да ни се придружиш на дискусијата.
Оваа активност е поддржана од проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“ што го спроведува Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) со финансиска поддршка од Европската Унија (ЕУ).
#ГласовиНаПомирување
