Марта Стевковска е новинарка, писателка и феминистка со над 12 години работно искуство. Како посветна и професионална специјалистка за комуникација во Мрежа Стела, таа има одлични истражувачки вештини и креативен и родово сензитивен пристап за координирање на маркетингот и активностите за односи со јавноста. Марта е силно посветена на ефективно претставување на проектите, кампањите, достигнувањата и целите на Мрежа Стела со фокус на солидарноста и инклузивноста. Таа е дел и од Програмата за жени новинари од ПИНА, единствената програма за новинарки во земјава. Нејзините новинарски истражувања се фокусирани на прашања во врска со жените во медиумите, родовата еднаквост и родово базираното насилство, како и поддршката на преживеаните и маргинализираните групи и ЛГБТИ+ лицата во општеството.