Теано Кардула е графичка дизајнерка и феминистка со повеќегодишно професионално искуство во областа на визуелните комуникации, брендирањето и општествениот дизајн. Дипломирала и магистрирала графички дизајн на University of Sunderland.
Во тимот Стела, таа работи на развој на визуелни концепти и кампањи кои го обединуваат дизајнот, активизмот и културата. Преку својата работа, Теано го користи графичкиот дизајн како медиум за раскажување, критичко размислување и општествен ангажман. Нејзиниот дизајн често ги истражува општествените процеси, особено во контекст на родова еднаквост, правда, инклузија и идентитет.
Покрај визуелната уметност, нејзин особен интерес претставува зачувувањето и промоцијата на влашката и крушевската култура и историја. Активно учествува во иницијативи поврзани со локалните политики во Крушево и е основачка на здружението за промоција на влашката култура ТИХЕ.