Ерлин Агич е меѓународна државна службеничка која работи на борба против корупцијата, доброто управување и спречувањето на перење пари. Ерлин е една од коосновачките на мрежата Стела. Пред да почне да работи во меѓународната државна служба, Ерлин работеше во хуманитарни операции со водечки меѓународни организации во Нигерија, Ирак, Либан и Грција. Таа дипломираше на Централноевропскиот универзитет, каде што специјализираше политички науки и студии за национализам.