Виџиленца Абази

Коосновачка на Мрежа Стела

Виџиленца Абази е предавачка по право на Правниот факултет „Диксон Пун“ при Кингс Колеџ во Лондон. Покрај тоа што е коосновачка на Стела, таа е коосновачка и раководителка на Европскиот институт за укажувачи. Виџиленца исто така има дозвола да се занимава со адвокатура во Њујорк. Нејзинато образование, академско знаење и граѓанско лидерство се широко признати, вклучително и од „Лидерс Европа“ на Фондацијата Обама (2024) и наградата за Рана Kариера од Кралската холандска академија на уметности и науки (2020). Виџиленца има докторат и магистратура по право од Универзитетот во Амстердам и магистратура по право од Правниот факултет на Јеил, каде што сега е член на Извршниот комитет. Пред да се приклучи на Кингс колеџ, таа беше постојан доцент на Универзитетот Мастрихт и имаше fellowship стипендии на Правниот факултет на Јеил (Проект за информатичко општество), Правниот факултет на Њујорк (стипендист на Емил Ноел) и Правниот факултет Колумбија (стипендист на Фулбрајт).