Љура Положани

Коосновачка на Мрежа Стела

Љура Положани е истражувачка на проектот H2020 Connect на Универзитетот во Грац, каде ги  истражува контекстите на насилен екстремизам и радикализација на Балканот и регионот МЕНА. Нејзините други истражувачки интереси вклучуваат практики на граѓанство во поделени општества, социјални движења, родови студии и демократизација. Докторираше право и политика на Универзитетот во Грац, а магистрираше Европски студии: Идеи и идентитети на LSE.

Љура претходно работеше како советничка на премиерот на Северна Македонија за соработка со меѓународни организации. Потоа работеше за УНХЦР како службеничка за надворешно ангажирање. Има работено и како истражувачка на Универзитетот во Приштина и како универзитетска асистентка во CSEES во Грац, како и како раководителка на проекти за ECMI Косово.

Таа е авторка на статии во разни платформи и медиуми, вклучувајќи ги Balkan Insight, Kosovo 2.0 и блогот BiEPAG. Исто така, пишува академски статии за социјалните движења и протестите во Северна Македонија и во Косово во разни академски списанија.