Рита Бехадини

Дипломирана економистка (Бизнис и економија: Менаџмент и маркетинг)

Рита Бехадини е модераторка, новинарка и активистка за женски права. Студирала „Бизнис и економија: менаџмент и маркетинг“ на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. За време на студиите, Рита го основала феминистичкиот клуб, каде што се родила нејзината страст за застапување на женските права. Во исто време, работела како новинарка во Порталб, а потоа ја продолжила својата кариера како ТВ водителка на Алсат телевизија. Нејзината работа како новинарка била ориентирана кон женските права и родовата еднаквост. Рита го продолжила својот активизам со основање на Центарот за еднакви можности „Молекуќа“. Таа е основачка и на „Шега“, образовна платформа која има за цел да ги едуцира и оспособува девојките и жените преку адресирање на родовата еднаквост преку бесплатни образовни ресурси.

Стела е граѓанска организација иницирана од група ентузијастки кои сакаат да го подобрат пристапот до високо образование и економско омоќување за жени и девојки во Северна Македонија.