Д-р Ангелина Станојоска е редовна професорка од научните области Криминологија и Основи на криминалистичката теорија на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Дипломирала на Полициската академија во Скопје (2008), каде и магистрирала Криминологија и криминалистика (2011), а докторирала на Факултетот за безбедност – Скопје (2014). Како поранешна Фулбрајт Алумна, на Универзитетот Мисури–Сеинт Луис (2021) ја истражувала генералната теорија на напнатост и злоупотребата на супстанции. Д-р Станојоска во 2023 година е добитник на Чивнинг стипендија за сајбер безбедност на Западен Балкан. Во моментов е продекан за наука и меѓународна соработка. Автор е на три учебници по криминологија, монографии и повеќе трудови за кривичните санкции во РСМ. Нејзините истражувања се фокусирани на криминалот на жените, насилните кривични дела, жените кои издржуваат казна затвор и родово базирано насилство во дигиталниот простор.