Елисабета Бајрами Ологу е предавачка и истражувачка во областа на социјалната политика на Универзитетот Мајка Тереза во Скопје, Северна Македонија. Таа е докторка по социјална политика од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. За време на докторските студии, ја завршила програмата за истражувачка мобилност на Факултетот за социјална работа при Универзитетот во Љубљана, Словенија. Активно е вклучена во универзитетско предавање и развој на наставни програми во високообразовни институции во Албанија и Северна Македонија. Исто така, работела како гостинска професорка на Карловиот универзитет во Чешка, што дополнително го збогатува нејзиното меѓународно академско искуство. Нејзината академска работа опфаќа теми како идеологии на социјалната држава, инклузивен социјален развој, социјална заштита, миграции и семејна политика во контекст на земјите од Југоисточна Европа. Покрај академската работа, таа е истакната застапничка за социјална правда и активен член на повеќе иницијативи од цивилното општество чија главна цел е поттикнување на општественото учество на жените и унапредување на нивните лидерски и одлучувачки капацитети. Таа е една од коосновачките и моментално претседателка на „Мрежата на жени во науката“ (Rrjeti i Grave në Shkencë) во Северна Македонија.