Елена Б. Ставревска е феминистка, истражувачка во областа на мировните студии и професорка по Меѓународни односи на Универзитетот во Бристол. Нејзините истражувања се фокусирани на феминистички и деколонијални пристапи кон мирот и изградба на мир, политичката економија на процесите поврзани со градење мир и политиките на производство на знаење во однос на постјугословенскиот простор. Пред Бристол, Елена имала истражувачки и наставни позиции на Лондонската школа за економија и политички науки, Универзитетот Нотр Дам, Bard College Berlin и Централноевропскиот универзитет. Таа има докторат по политички науки и завршени магистерски студии по меѓународни односи и европски студии од ЦЕУ. Елена е ко-основачка на Стела и на YugoslaWomen+ колективот.