Мрежа Стела ве поканува на форум со заедницата на 10 декември во Американско катче Струга, со почеток во 14:00 часот.
Во време на поделби и дезинформации, веруваме дека младите и маргинализираните групи мора да имаат безбеден, инклузивен простор каде што нивните приказни, сомнежи и идеи се слушаат – а не се игнорираат.
На овој форум ќе зборуваме за:
– младинско учество
– интеркултурен дијалог
– родово-одговорни практики
– заедничко градење доверба и помирување
👉 Вашиот глас е важен.
👉 Вашето искуство ја гради заедницата.
Пријавете се до 7 декември преку линкот во био/стори и придружете ни се во креирањето посилни, поправедни и поврзани локални заедници.
Оваа активност е поддржана од проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“ што го спроведува Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) со финансиска поддршка од Европската Унија (ЕУ).
#ГласовиНаПомирување