Вљора Речица

Коосновачка на Мрежа Стела

Вљора Речица е советничка на регионалниот директор на Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан. Таа тесно соработува со директорот за Западен Балкан, помагајќи во секојдневните операции и поддржувајќи го развојот и имплементацијата на стратешки и оперативни проекти за неговите иницијативи. Како програмска аналитичарка, таа придонесува за обликување на стратешките интервенции на OSF-WB во регионот и пошироко.

Со искуство во истражување и лидерски улоги, таа претходно работеше како раководителка на Центарот за парламентарна поддршка и демократизација во Институтот за демократија во Скопјe, Северна Македонија, реномиран тинк-тенк специјализиран за добро управување, демократизација и европска интеграција. Како коосновачка на Стела, Вљора е посветена на јакнење на девојките и жените во нивните образовни и професионални патувања, што претставува главен поттик за нејзиниот активизам. Пред нејзината сегашна позиција, Влора работеше како Шуман практикантка во Секретаријатот на Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент, каде што придонесуваше за иницијативи што се однесуваат на Западен Балкан.

Таа има магистерска диплома по компаративна политика со специјализација по демократија и демократизација од Лондонската школа за економија и политички науки (LSE).