Арта Меро 

Професорка (Правничка)

Арта Меро е вонредна професорка по семејно и наследно право при Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа (UEJL). Моментално е координаторка на Правната клиника и активно учествува во обезбедување бесплатна правна помош за маргинализирани групи во општеството, особено за жени и деца жртви на семејно насилство. Арта Меро е сенаторка во Сенатот на UEJL. Таа е првата албанска професорка во Северна Македонија која преку своите истражувања, предавања и публикации ги разби табуата околу темите за вештачко репродуцирање во семејството. Исто така е членка на Комисијата за биомедицински поттикнато оплодување при Министерството за здравство. Арта Меро е коавторка на универзитетската книга „Семејно право“ и на збирката „Детските права: Предизвици и нови перспективи“, како и авторка на бројни научни трудови во меѓународни, регионални и национални списанија. Таа е многу активна во заштитата на правата на жените и децата, особено во областа на семејните и наследните права, и е гласна застапничка за овие прашања.

Стела е граѓанска организација иницирана од група ентузијастки кои сакаат да го подобрат пристапот до високо образование и економско омоќување за жени и девојки во Северна Македонија.