Што ако секоја средношколка има пристап до менторка?
Тоа е визијата во која веруваme и ја реализираме оваа година.
Во само 5 месеци постојана работа на терен, спроведовме сесии за менторство во 98 училишта на територија на Македонија.
Посетивме 38 градови и населени места.
Зборувавме со над 2000 средношколки во склоп на нашите сесии.
Ништо од ова немаше да биде без посветеноста на 15 фасилитатори на овие сесии – два члена на тимот (Теодора и Фатос кои посетија 41 училиште), и 13 менторки и соработнички од Женската менторска мрежа на Стела (Марта, Tеано, Ангелина, Тијана, Емилија, Марија, Елена, Мирлинда, Симона, Стефанија, Надица, Рита и Наталија).
Но, не завршуваме тука.
Продолжуваме да градиме генерација на самоуверени, поддржани и незапирливи девојки.





